Увид во изградбата на социјалната зграда во Гостивар
09.05.2016
Денеска заедно со директорот на Јавното претпијатие
за стопанисување со станбен и деловен простор, дојдовме овде во Гостивар да
извршиме увид во изградбата на социјалната зграда која пред извесно време
започна да се гради. Се работи за зграда од 70 станови кои се наменети исклучво
за лицата од социјален ризик. Инвестицијата е вредна околу 84 милиони денари и
очекуваме да биде завршена за две години, изјави министерот за транспорт и
врски Владо Мисајловски.
Сакам да потенцирам дека Владата предводена од ВМРО
ДПМНЕ посебен акцент става на решавање на проблемот со
социјално ранливите категории на граѓани. За таа цел веќе во фаза на изградба
се вкупно 123 станови и тоа во Кочани 43, во Македонски Брод 10 стана, вклучувајќи ги и
овие 70 во Гостивар, изјави министерот Мисајловски.
Се работи за
зграда од две ламели со вкупно 70 станови што ги гради АД за стопанисување со
станбен и деловен простор во соработка со Владата на РМ. Зградата е дел од
програмата на Владата за изградба на станови за социјално ранливи категории на
граѓани.
Директорот на ЈП
за станбен простор Цветко Грозданов изјави дека динамиката на изградба се
реализира и пред предвидените рокови и упати посебна благодарност до
пратениците што се залжија за изградба на ваква зграда и во Гостивар.
Во наредниот
период ќе започнеме со изградба на вкупно 579 станови во Виница, Пехчево,
Скопје, Свети Николе, Струмица и Пробиштип, изјави директорот на ЈП за станбен
простор Цветко Грозданов.
Досега во рамките
на програмата за лицата од социјален ризик изградивме 14 згради со вкупно 678
станови.