Увид во реконструкција на регионалниот пат Битола - Ресен - Буково
05.05.2016
Од денеска започнува асфалтирањето на регионалниот пат Битола - Ресен - Буково.
На терен увид извршија министерот за транспорт и врски
Владо Мисајловски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Александар
Стојанов и градоначалниците на општина Битола и Ресен.
-Како што ветивме продолжуваме со реконструкција на
овој регионлаен пат кој е во должина од 27 километри. Моментално се асфалтира
делот од Битола кон Ресен, а исто така се работи на градежни работи на потегот
од Ресен кон Битола. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра и очекувам дека
ќе биде готов до септември, изјави министерот за транспорт и врски Владо
Мисајловски.
Тој најави дека во следниот период ке започнат уште
неколку крупни инфраструктурани проекти со кои значително ќе се подобри патната
инфраструктура во регионот.
Од ЈП за државни патишта велат дека работите за
реконструкција на патот се одвиваат според договорената динамика. Во однос на
стариот пат Битола-Ресен, директорот Стојанов изјави дека наредните денови
патот ќе се санира со 20 тони асфалт.
За општините Битола и Ресен реконструкцијата на
патот е од огромо значење бидејќи значително ќе ја подобри комуникацијата. Ќе
се зголеми безбедноста и ќе придонесе за зголемување на туризмот во овој
регион.