Од посетите што ги имавме на терен и тоа што го ветивме на средбите со граѓаните во населеното место Радожда, завршена е со асфалтирање делницата Ливадишта - Елен Камен во должина од 0,7 километри, а во тек е асфалтирање на делницата од Калишта до Струга во должина од 3 километри. Вкупната инвестиција изнесува 18 милиони денари.