Започна изградбата на канализационата мрежа во Брвеница
11.02.2017
Над три илјади жители од населеното место Брвеница за шест месеци ќе добијат фекална канализациона мрежа. Денеска започна изградбата на канализацијата во ова место во кое покрај каналиацијата ќе се изгради и колекторот за преттретман на отпадните води.
Инвестицијата е вредна 23 милиони денари, средствта се обезбедени од Европската инвестициска банка. Со изградбата на новата канализациона мрежа ќе се обезбедат поквалитетни и поеколошки услови за живеење во општина Брвеница.
Ова беше едно од главните барања на жителите на насленото месо Брвеница до централана власт, бидејќи до сега отпадните води беа третирани со септички јами.