Започнаа
градежните работи за темелна обнова на булеварот Ѓорче Петров. Реконструкцијата
која ќе се изврши во должина од 1245 метри, ќе започне од кружниот тек кај СП
Планет, па се до општината Ѓорче Петров.
На
почетокот на градежните работи на овој проект вреден 18,6 милиони денари,
присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за
тарнспорт и врски Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Град Скопје и
општината Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митревски.
Се
очекува преку оваа темелна реконструкција да се зголеми безбедноста за сите
учесници во сообраќајот и да се уреди просторот.
Градоначалникот
Трајановски информираше и дека наскоро ќе биде проширен булеварот „Борис
Сарафов“, кој не беше целосно завршен поради имотно-правни односи.Градежната офанзива во Скопје ќе
продолжи и во идниот период.