Започна со реконструкција регионалниот пат од средно Водно до с. Нерези
10.09.2016
Патот од Средно Водно до село Нерези во должина од 4,5 километри започна да се
раконструира. Почетокот на градежните работи денеска го означија министерот за
транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на Град Скопје Коце
Трајановски како и директорите на јавните претпријатија за патишта Александар
Стојанов и Гајур Кадриу.
Според надлежните, ќе се изврши целсона реконструкција
на овој патен правец.
-Започнавме со уште еден проект по барање на жителите
од Скопје. Се работи за реконструкција на регионалниот пат од Средно Водно кој
води до Нерези во должина од 4,5 километри. Со реконструкцијата ќе се постави
целосно нов асфалт или планираме да вградиме околу 100 тони асфалт. Вредноста
на инвестицијата е 14 милиони денари. Очекуваме патот да биде завршен во рок од
триесетина дена, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Тој додаде дека дополнително е зголемена прогарамата
на Македонија пат за нови 150 милиони денари за реконструкција на патните
правци, Калишта –Струга, Градско Росоман и Росоман – Дреново.
Според градоначалникот на Град Скопје, со
реконструкција на овој пат жителите на Скопје ќе добијат реконструиран пат кој
ќе ја зголеми безбедноста за сообраќај во овој дел од градот.
-Ние уште во 2009 годдина го реконструиравме овој пат,
поставивме нова опрема сега со реконструкцијата дополнително ќе поставиме
урбана опрема, изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановси.
Директорот на ЈП за државни патишта Александар
Стојанов изјави дека до крај на годината ќе заврши изградбата и
реконструкцијата на сите патни правци во Скопје и скопско и тоа кон Сончев
град, од Сопиште до Говрлево како и овој патен правец што денеска отпочнува со
реконструкција.
Директорот на Македонија пат Гајур Кадриу изјави дека
сите патни правци што се започнати со програмата за работа на ова јавно
претпријаие за еден до два месеци ќе бидат завршени.