Соопштение за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во Октомвриска испитна сесија
20.09.2024
Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве известува дека во четврток на 31.10.2024 годинасо почеток во 10часот во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - октомвриска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови. Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври.
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: ispiturbanizam@komoraoai.mk согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ бр.219/22 и 194/24) и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
Доставата на апликации на кандидатите се врши најдоцна до 08.10.2024 година.