Заменик министер за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири
Родена на 09.05.1988 година во Скопје, Република Северна Македонија. Националност Албанка. Своето основно и средно образование го завршува во Скопје, а во 2009 дипломира на Правниот факултет, Југоисточен европски универзитет, Тетово, Република Северна Македонија.
Од месец Јули 2024 година ја извршува функцијата Заменик министер за транспорт.
Претходно, од месец мај 2023 година до декември 2023 година ја извршува функцијата Декан на Правниот факултет на Универзитетот „Мајка Тереза“, Скопје.
Во 2012 година се здобива со титулата „Магистер по граѓанско право“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Северна Македонија, во 2020 година се здобива со титула „Доктор на правни науки“ на Правниот факултет Јустинијан Први, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Северна Македонија.
Во перидот од 2016 до 2020 година работи како асистент на Универзитетот „Мајка Тереза“, Факултет за општествени науки, Скопје, а претходно меѓу 2010 и 2016 година работи како портпарол во општина Чаир во Скопје
Своето работно искуство го започнува во 2008 – 2009 година како наставник во Основно училиште „Петар Здравковски Пенко“, Скопје, а потоа од 2009 до 2015 работки како Асистент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово.
Има објавено повеќе публикации во делот на својата професионална област во домашни и меѓународни списанија. Меѓу нив се вбројуваат, “Развод на брак според меѓународни документи”, “Социолошки причини за развод во Република Северна Македонија”, Мотивација - Клучен фактор за подобрување на перформансите на наставниците: Пример од јавните училишта во Северна Македонија“, SWOT анализа како стратешки инструмент за подобрување на квалитетот во високото образование” “Отворена процена на докази во судски постапки”, “Заштита на децата во постапката за развод на брак во Република Македонија”, “Развод на брак во современото општество”, “Тенденција за либерализирање на разводот на бракот во европските земји (компаративна анализа)” и други.
Активно зборува англиски јазик. Учествувала на многубројни конференции во земјата и во светот меѓу кои: Експертски совет за реформи во семејното законодавство, Интеграција на Западниот Балкан во ЕУ – Предизвици и перспективи, Промоција на родова разновидност во праведната енергетска транзиција.Центар за меѓународни студии и комуникациска обука во САД; Американски совет за млади политички лидери – Програмата за размена исто така во САД; Конфренција за развој на земјоделската индустрија за Северна Македонијa одржана во Пекинг, Школа за јавна политика, Летна универзитетска школа за демократија во Франција, Учествување на млади во општеството во Шведска и други конференции.
Има организирано и учествувано во голем број на проекти организирани од Женската научна мрежа (WSN) и Фондацијата ALBIZ, финансирани од Европската унија, Скопје.