Државниот секретар во Министерството за транспорт, д-р Стефан Волкановски, претстојуваше во работна посета на Софија, Република Бугарија каде учествуваше на Конференцијата на министрите за транспорт на земјите од Југоисточна Европа.
Државниот секретар Волкановски се обрати на двете теми предвидени во рамки на Конференцијата и тоа: “Поголема транспортна поврзаност на земјите од Југоисточна Европа” и “Добри практики за имплементација на транспортните политики”.
Во своето излагање, Државниот секретар Волкановски ја потенцираше важноста на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, активностите за почеток на градбата на третата делница од пругата од Коридорот 8 и изградбата на заедничкиот тунел со Република Бугарија.
Исто така тој ги потенцира активностите на Владата во однос на хармонизација на домашната легислатива со европската легислатива, регионалната соработка, намалување на емисиите на штетни гасови, оптимизација на енергетските ресурси, зголемување на патничкиот и карго транспорт, развојот на патната инфраструктура, како и за други стратешки проекти на државата.