Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Измени во законите за градење и градежно земјиште со кои се става ред во подземната инфраструктура и се уредуваат базните станици на телекомите

Измени во законите за градење и градежно земјиште со кои се става ред во подземната инфраструктура и се уредуваат базните станици на телекомите

На предлог на Министерството за транспорт, Владата ги усвои измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, со кои измени се потикнува економскиот развој на државата и општините, се озоможува подобри и поквалитетни услуги за граѓаните и се овозможува рационално користење на јавните добра.

Имено, со измените на Законот за градежно земјиште  конечно се воспоставува ред во линиската подземна инфраструктура (оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациони системи, гасоводни мрежи, нафотводи, итн) и за прв пат ќе се овозможи нивно впишување во евиденцијата во Катастарот на инфраструктурни градби во Агенцијата на катастарот за недвижности, односно целта е да се има јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата заради соодветно и рационално планирање на нови градби од овој тип.

Со измените, се овозможува општините да можат да располагаат со градежното земјиште предвидено со урбанистички план за Технолошки индустриски зони, се со цел општините да имаат економски развој и можност за домашните компании полесно да ги реализраат своите инвестициски планови.  Дополнително со измените се врши усогласување на Законот за градежно земјиште со Законот за урбанистичко планирање. 

Во однос на Законот за градење, со измените се предвидува подобрување на условите за регулирање на имотно правниот статус на базните станици на телекомуникациските компании, а преку тоа и поквалитетни и поефикасни телекомуникациски услуги за граѓаните.

Дополнително со измените во Законот за градење се подигнува нивото на квалитет на технички преглед на градбите од прва категорија, преку зголемување на критеруимите за формирање на Комисија за технички преглед и професионален пристап за спроведување на техничките прегледи на градбите од прва категорија.

 

Мени за пристапност