Почитувани,
Ве известуваме дека согласно последниот Јавен оглас за доделување јавно овластување за вршење на работите на издавање на мемориски картички од 07.08.2025 година, како Издавач на мемориски картички за тахографи е одбрано правното лице СМАРТ ИД СОЛУШН ДООЕЛ Скопје.
Изборот е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 179/2025 од 26 август 2025 година.
Барања за издавање на мемориски картички може да се доставуваат веќе од денес 09 септември 2025 година на следната локација:
ул. Стојка Цекова бр. 5 (Гази Баба), 1000 Скопје
телефонски број: +389 71 311 300
е-маил: info@smartid.mk
Повеќе информации за потребни документи и сметка за уплата можете да добиете на веб страната на СМАРТ ИД СОЛУШН ДООЕЛ Скопје www.smartid.mk