Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонија ги исполнува реформските процеси и ја развива регионалната соработка - вицепремиерот Николоски на средба со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство

Македонија ги исполнува реформските процеси и ја развива регионалната соработка - вицепремиерот Николоски на средба со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство

Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство. 

Политичките и економските односи меѓу зeмјите од Западен Балкан се во постојан напредок, а Македонија има значајна улога за развојот на таквите односи, истакна вицепремиерот Николоски. Мерките и политиките што ги реализира Владата се во насока на намалување на трговските бариери, зголемување на трговијата и конкурентноста на економиите во земјите од Западен Балкан, додаде тој.

Вицепремиерот Николоски уште еднаш го потенцира стратешкото пријателство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и подршката што и се овозможува на земјата кон нејзиниот развој.   

На средбата се разговараше и за зацврстување на економската соработка, можноста за нови инвестиции и соработка на двете земји во сектори од заеднички интерес.

Македонија и Обединетото Кралство негуваат добри пријателски односи, се согласија и двете страни, со заложба таквото партнерство да се зацврстува преку конкретни процеси и проекти.  

Мени за пристапност