Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со одлично темпо.
" На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево. Одличен напредок!
Што би рекол нашиот народ - „Се гледа крајот“
Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок.
Ја градиме Македонија! - објави вицепремиерот Николоски.
линк до објавата: https://www.facebook.com/share/18YNjBnNZo/
Министерство за транспорт