Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Николоски: Честит празник Богојавление- Водици. Охрид е домаќин на преку дваесетина илјади туристи

Николоски: Честит празник Богојавление- Водици. Охрид е домаќин на преку дваесетина илјади туристи

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Охрид го честиташе големиот христијански празник Богојавление-Водици, посакувајќи здравје, среќа и благосостојба на сите верници и на првиот кој дојде до Светиот крст во осветените води на Охридското рзеро.

 

" Би сакал да го честитам големиот христијански празник, Богојавление - Водици, за Охрид најголем празник. Драго ми е што имаме еден прекрасен ден, мислам дека имаше преку 20.000 луѓе кои се појавија на градското пристаниште, многу туристи, многу странци, што мислам дека многу значи за развој на градот и на туризмот и мислам дека ова што го прави општината предводена од градоначалникот Пецаков и со поддршка од Владата, ќе продолжи да дава резултати и во периодот кој што е пред нас. Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје, среќа, да го пратат во текот на годината и за убави работи да се гледаме", порача во празничната изјава вицепремиерот Николоски

Мени за пристапност