Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Николоски: Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност

Николоски: Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност

“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде:

“Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка. 

Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.

Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија.

Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.

Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех. 

Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот"

Линк до објавата:  https://www.facebook.com/share/p/1BgoJgFzdZ/

Мени за пристапност