Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Николоски-Тигањ: Фокус на Владата се инфраструктурните проекти, регионот може да напредува преку економската соработка

Средба Николоски-Тигањ: Фокус на Владата се инфраструктурните проекти,  регионот може да напредува преку економската соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. 

На средбата вицепремиерот Николоски ја потенцираше можноста за интензивирање на економската и трговска соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји.

 

Исто така вицепремиерот Николоски ги презентираше инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и железнички Коридори 8 и 10,  како дел од европските транспортни мрежи.

Посебен фокус на средбата се стави на изградба на брзата пруга на Коридор 10, како предуслов за брз и ефикасен транспорт на добра кон Централна и Источна Европа, нагасувајќи ја можноста за учество на специјализирани компании од Хрватска во реализација на овој проект. 

Двајцата говорници разменија и мислења околу актуелните политички прашања во земјава и регионот, евроинтегративниот процес и стабилноста на Западен Балкан. 

Вицепремиерот Николоски и амбасадорката Тигањ ги потврдија одличните односи меѓу Македонија и Хрватска и се согласија истите да продолжат да се оддржуваат на високо ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателство меѓу двете земји.

Мени за пристапност