Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири учествуваше на Меѓународниот форум „Патот на свилата“ во Тбилиси, Грузија

Заменик министерката за транспорт  Калтрина Зеколи Шаќири учествуваше на Меѓународниот форум „Патот на свилата“ во Тбилиси, Грузија

Заменик-министерката за транспорт,  Калтрина Зеколи Шаќири, учествуваше на Меѓународниот форум „Патот на свилата“, кој се одржа во Тбилиси, Грузија од 22 до 23 октомври.

Овој значаен меѓународен форум ги обединува високи претставници од многу земји во светот со цел да се дискутира за регионалната соработка, зајакнувањето на инфраструктурните врски и одржливиот развој на транспортниот сектор.

Во своето обраќање, заменик министерката Зеколи Шаќири ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија кон изградба на современа и поврзана транспортна мрежа, која ќе го поддржи економскиот развој и регионалната интеграција. Таа ги сподели искуствата и практиките на нашата земја во областа на инфраструктурата и логистиката, како и значењето на меѓусебната соработка меѓу земјите од регионот за зајакнување на стратешките транспортни коридори.

Министерството за транспорт упатува посебна благодарност до премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе и министерката за економија и одржлив развој, Мариам Квривишвили, за топлото гостопримство и одличната организација на овој форум.

Учеството на Македонија на овој форум претставува значаен чекор кон јакнење на меѓународната соработка и одржливиот развој на транспортот во рамките на глобалната иницијатива „Патот на свилата“.

Мени за пристапност