Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерката за транспорт на средба со Хуан Игнасио Камио Бавасо вршител на должност амбасадор на Аргентина

Заменик-министерката за транспорт на средба со  Хуан Игнасио Камио Бавасо вршител на должност амбасадор на Аргентина

Заменик-министерката за транспорт денеска во просториите на Министерството оствари средба со вршител на должност Амбасадор на Аргентина во Софија,  Хуан Игнасио Камио Бавасо, со кого беше потпишан Меморандум за разбирање за соработка во областа на цивилното воздухопловство помеѓу Република Северна Македонија и Република Аргентина.

За време на средбата, заменик-министерката ја истакна важноста од зајакнувањето на билатералните односи и проширувањето на соработката во секторот на воздушниот транспорт. Таа оцени дека овој Меморандум претставува значајна основа за поблиска соработка меѓу воздухопловните власти на двете земји, за размена на искуства и најдобри практики, како и создавање можности за понатамошно унапредување на воздушното поврзување.

Заменик-министерката исто така истакна дека  Аргентина, како земја со долгогодишна традиција во воздухопловството и активна улога во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), претставува партнер со вредно искуство кое може да придонесе за развојот на идната соработка.

Овој Меморандум за разбирање претставува прв чекор кон продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на цивилното воздухопловство и отвора можности за понатамошни консултации за идно склучување на Договор за воздушни услуги.

Мени за пристапност