Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерката Зеколи Шаќири на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Белград

Заменик министерката Зеколи Шаќири на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Белград

Во рамките на Министерскиот совет на Транспортната заедница, заменик министерката за транспорт на Република Северна Македонија, Калтрина Зеколи Шаќири, оствари значајни средби со свои колеги од регионот и со претставници на Европската унија, каде што се дискутираше за заедничките предизвици и приоритети во областа на транспортот.

Во своето обраќање, заменик министерката Зеколи Шаќири ја нагласи важноста на стратешките инфраструктурни проекти за Северна Македонија, со посебен фокус на железничкото и патното поврзување, како и неопходноста од блиска регионална соработка во согласност со европските стандарди.

„Регионалната соработка и усогласувањето со европските стандарди се клучни за одржлив развој и целосна интеграција на регионот во европскиот транспортен пазар“, истакна Зеколи Шаќири.

Состанокот во Белград претставува важна платформа за размена на идеи, поставување на заеднички цели и забрзување на реализацијата на инфраструктурни проекти што ќе ја подобрат поврзаноста помеѓу земјите од Западен Балкан.

Мени за пристапност