Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска се обрати на 20 -та конференција на Јадранско - Јонската иницијатива.

На својот фејсбук профил, тој објави: 
 
" Денеска во Собранието се обратив на 20-та Јадранско - Јонска иницијатива. 
 
Зборував за активностите на Министерството за транспорт, за сите инвестиции на стратешките проекти како што се брзата пруга на Коридор 10. 
 
Потенцирав и за напредокот во изградбата на автопатите. Силно се работи на Коридорот 8 како и на поврзувањето на Прилеп и Битола односно Коридорот 10д.
 
Македонија е силно посветена на изградбата на стратешки инфраструктурни проекти и реализација на капитални инвестиции кои значат квалитетни транспортни конекции со целиот регион. 
 
Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори преку кои ќе придонесеме за економски напредок во државата и севкупно на регионот, што е и основна цел на Стратегијата за Јадранско – Јонскиот регион.
 
Подобра инфраструктура значи силна економија" - објави вицепремиерот.

Мени за пристапност