Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информација за вградување на тахограф во лесни комерцијални возила (возила чија максимална дозволена маса заедно со приклучното возило е поголема од 2,5 тони, а помала од 3.5 тони)

Министерство за транспорт Министерство за транспорт

Почитувани превозници,

Министерството за транспорт Ве информира дека согласно одредбите од АЕТР спогодбата*, Регулативата (ЕУ) 561/2006 на Европскиот парламент и на Советот како и националниот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај:

-              Обврската за вградување паметен тахограф од втора генерација** во лесните комерцијални возила (возила со максимална дозволена маса заедно со приклучното возило поголема од 2,5 тони, а помала од 3.5 тони) се однесува само на возила регистрирани во: Земја членка на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Обединетото Кралство или Швајцарија.

Согласно горенаведеното, во возилата со максимална дозволена маса заедно со приклучното возило е поголема од 2,5 тони, а помала од 3.5 тони регистрирани во Република С. Македонија вградувањето на тахограф не е задолжително дури и кога се врши меѓународен превоз на стока (или каботажа) кој во целост се извршува на територијата на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија и/или Обединетото Кралство, но, во овој случај, се применуваат одредбите од Регулативата (ЕУ) 561/2006.

Со почит,

Министерство за транспорт

Мени за пристапност