Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Прелиминарна распределба на автобуски линии

Ве известуваме дека Mинистерството за транспорт изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за кои превозниците на ден 11.11.2025 година аплицираа на огласот за одобрување на возни редови за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.

Вкупно 142 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 48 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници и 94 апликации за меѓународен линиски превоз на патници.

Врз основа на прелиминарната распределба:

-  За меѓуопштински линиски превоз на патници одобрени се 15 апликации и 33 се одбиени.

-  За меѓународен линиски превоз на патници одобрени се 57 апликации, 7 апликации се делумно одобрени и 30 се одбиени.

Ве информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.

Во прилог се финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.

 

Меѓуопштински возни редови

Прочитај повеќе

Меѓуопштински листа

Прочитај повеќе

Меѓуопштински причини

Прочитај повеќе

Меѓународни возни редови

Прочитај повеќе

Меѓународни листа

Прочитај повеќе

Меѓународен причини

Прочитај повеќе

Мени за пристапност