РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
СООПШТЕНИЕ
Соглaсно член 8 - б од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ број 68/04, 127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15 и 37/16) и член 4 од Правилникот за начинот, постапката и програмата за полагање на испит за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот (Службен весник на РМ бр. 39/07,4/08, 20/09, 149/09, 88/12 и 127/14), Министертвото за транспорт и врски Ве известува дека термините за полагање на испити за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај кои се закажани за одржување на 21,07,2016 година во 08:00/ 10:00/ 12:00/ 14:00 часот, 04,08,2016 година во 08:00/ 10:00/ 12:00/ 14:00 часот, 05,08,2016 година во 08:00/ 10:00 часот се откажани.Исто така, терминот за полагање на испит за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот кој е закажан за одржување на05.08,2016 година во 12:00/ 15:00 часот е откажан.