СООПШТЕНИЕ
за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во февруарска испитна сесија
Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во сабота на 25.02.2023 година ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање февруарска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање ќе се одржаат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври.
(http://mtc.gov.mk/Strucen%20ispit%20za%20urbanisticko%20planiranje/SOOPShTENIE-za-polaganje--za-struchen-ispit-od-oblasta-na-urbanistichkoto-planiranje-vo-fevruarska-ispitna-sesija)
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање најдоцна до среда 08.02.2023 година,
Согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ БР.219/22 и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: ispiturbanizam@komoraoai.mk. Треба да се приложат следните документи:
Барање – формулар, прилог 1 од Правилникот
Диплома за завршено високо образование дипломиран инженер архитект или магистер инженер архитект, кој завршил VIIА степен на високо образование, односно II циклус на студии- Магистерски академски студии со кои се стекнал со 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), согласно член 67 став (1) од Законот за урбанистичко планирање, како и
Доказ дека го исполнува условот за работно искуство согласно член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, и согласно член 5 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит
Доказ за соодветни професионални резултати во областа на урбанистичкото планирање од член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, стручен труд во кој учествувал и на кој кандидатот е потпишан во својство на соработник, учесник и изработувач, и согласно чл.6 и чл.12 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
Доказ за идентификација на кандидатот (копија од лична карта).
Доказа за извршена уплата за надомест за трошоците за стручниот испит
Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец ноември 2022 година изнесува 33011 ден., што упатува дека стручниот испит чини 11.589 ден. (35% од 33110 ден).
Уплатата од 11.589 денари се врши на следната сметка на Комората:
Жиро сметка: 250 001 002 332 248
Банка: Шпаркасе Банка
Примач: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
Цел на дознака: за Стручен испит урбанистичко планирање
Материјалите за стручниот испит:
Правилник за начинот за спроведување на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање, програмата за полагање на испитот, висината на надоместокот за трошоците за испитот, како и надоместоците за членовите на испитната комисија, за програмата и испитните прашања и други аспекти на организацијата, содржината и формата на обрасците за испитот и на уверението за положен стручен испит (Сл.Весник на РСМ бр.219/2022);
Упатство за работа на комисијата за полагање на стручен испит од областа на урбанистичко планирање;
Прашања за стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање;
Програма за полагање на стручниот испит и тоа општ дел со прописи од области релевантни за урбанистичкото планирање (одредбите од прописите обележани со црвена боја се предмет на програмата за стручниот испит) и посебен дел со прописи од областа на урбанистичкото планирање;
Општ дел
1. Устав РСМ2. Закон за локална самоуправа - пречистен3. Закон за градот Скопје - пречистен4. Закон за сопственост и други стварни права - пречистен5. Закон за животна средина - пречистен6. Закон за заштита на културното наследство - пречистен7. Закон за јавни патишта - пречистен8. Закон за земјоделско земјиште - пречистен9. Закон за водите - пречистен10. Закон за шумите - пречистен11. Закон за градежно земјиште - пречистен12. Закон за експропријација - пречистен
Посебен дел
1. Закон за спроведување на ППлан на РМ
2. Закон за урбанистичко планирање
3. Закон за градење - пречистен
4. Правилник за урбанистичко планирање - пречистен
5. Правилник за стандарди и нормативи за проектирање