Ве известуваме дека утре (петок, 9 февруари 2018 година) министерот
за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе одржи работен состанок со директорот
на Македонски Eнергетски Ресурси и градоначалниците на општините.
Предвидени се изјави за медиумите во 12:00 часот во
просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република
Македонија - ЗЕЛС.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери со цел
проследување на настанот и информациите до пошироката јавност.