ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување Јавна расправа за нацрт Планот за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за поставување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопат A1 (Коридор X) (ГП Табановце - ГП Богородица)
27.03.2023
Почитувани,
Министерството за транспорт и врски во рамки на Заемот со Светска Банка бр. IBRD 8929-MK за проектот Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project (WBTTFP) - P162043, изработи нацрт План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за поставување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопат A1 (Коридор X) (ГП Табановце - ГП Богородица).
Нацрт ПУЖССА е достапен за увид на јавноста во период од 14 дена (17.03.-31.03.2023 година), со цел секое заинтересирано правно или физичко лице да може да достави забелешки и/или сугестии за подобрување на Планот во формуларот што е достапен на Интернет страницата на МТВ.
По завршување на рокот за јавен увид, ќе се одржи Јавна расправа за нацрт ПУЖССА на 04.04.2023 година (вторник), со почеток во 11:00 часот во просториите на Министерството за транспорт и врски (сала на 4-ти кат) на следната адреса:
Ул. „Плоштад Црвена Скопска Општина“ бр. 4, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Лице за контакт: Јоже Јовановски, Експерт за животна средина и социјални аспекти во Единицата за имплементација на проекти (ЕИП) при Министерството за транспорт и врски.