ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ (ПУЖССА) Поставување на ИТС на Автопат A1 (Коридор X) (ГП Табановце - ГП Богородица)
17.03.2023
Министерството за транспорт и врски во рамки на Заемот со Светска Банка бр. IBRD 8929-MK за проектот Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project (WBTTFP) - P162043, потпишан на 06.06.2019 година, изработи нацрт План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за поставување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопат A1 (Коридор X) (ГП Табановце - ГП Богородица), кој може да го погледете подолу.
Нацрт ПУЖССА е достапен за увид на јавноста во период од 14 дена (17.03.-31.03.2023 година), со цел секое заинтересирано правно или физичко лице да може да достави забелешки и/или сугестии за подобрување на Планот во формуларот кој е достапен подолу.
Лице за контакт за доставување на забелешки и/или сугестии: Јоже Јовановски, Експерт за животна средина и социјални аспекти во Единицата за имплементација на проекти (ЕИП) при Министерството за транспорт и врски.
Напомена: По завршување на рокот за јавен увид, ќе се одржи јавна расправа за ПУЖССА, за што јавноста ќе биде дополнително известена за времето и местото на одржување.