Ова известување го објаснува видот на лични податоци што Министерството за транспорт (во натамошниот текст: Контролор) ги собира од вас при поднесување на Барање за добивање на социјален стан под закуп.
Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку барањата за добивање на социјален стан под закуп од следните причини (цели):
Увид во податоците за државјанството на барателот, како и сите полнолетни членови на неговото домаќинство,
Увид во податоците за местото на живеење на барателот, како и сите полнолетни членови на неговото домаќинство,
Увид во етничката припадност,
Увид во здравствената состојба,
Увид во податоците за брачната состојба на барателот.
Собраните информации кои се во состав на Барањето за добивање на социјален стан под закуп не се користат за ниту една друга цел и истите се чуваат во тајност, согласно Законот за заштита на личните податоци и истите се недостапни за било кој освен членовите на Комисијата за распределба на социјални станови.
Собраните информации од страна на Контролорот служат исклучиво за вршење на распределба на социјални станови, согласно Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22) по објавениот Оглас за распределување на 35 социјални станови во општина Кочани во станбенa зградa на улицa „Ѓорче Петров“ бр. 3 во Кочани изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен на 27.09.2024 година во дневните весници „Слободен печат“ и „Вечер“, како и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и огласните табли на Министерството за транспорт и ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Кочани.
Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот ги собира следните информации:
Информација за државјанството на барателот, како и сите полнолетни членови на неговото домаќинство,
Информација за местото на живеење на барателот, како и сите полнолетни членови на неговото домаќинство,
Информација за етничката припадност,
Информација за видот и степенот на попреченост,
Информација за брачната состојба на барателот.
Овие информации се обезбедуваат преку доказите наведени во горенаведениот оглас, за секоја категорија на корисничка група посебно.
Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Кој е правниот основ за обработка на личните податоци во рамките на распределбата на социјалните станови?
Контролорот ги обработува личните податоци со цел исполнување на условите дадени во Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22) по објавениот Оглас за распределување на 35 социјални станови во општина Кочани во станбенa зградa на улицa „Ѓорче Петров“ бр. 3 во Кочани изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен на 27.09.2024 година во дневните весници „Слободен печат“ и „Вечер“, како и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и огласните табли на Министерството за транспорт и ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Кочани.
При распределбата на социјалните станови ќе се земе предвид:
- бројот на членови во заедничкото домаќинство;
- вкупниот месечен расположлив прилив
- старосната структура за заедничкото домаќинство;
- попреченоста согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата и
- активното учество во програмите за вработување или вработеност.
Кој може да ги види моите лични податоци?
До документите кои содржат лични податоци пристап имаат само членовите на комисијата за распределба на социјални станови, формирана со Решение на Министерот за транспорт. Целосната документација на апликантите кои поднеле Барање за добивање на социјален стан за користење под закуп се чува заклучена во просторија која е посебно наменета за тоа. До овие податоци не може да пристапи друго лице.
Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање до Министерството за транспорт на ул. „Црвена скопска општина“ бр. 4 или преку електронска пошта на: info@mtc.gov.mk
Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци со испраќање на барање до Министерството за транспорт на истите контакти кои се наведени во точката бр. 6.
Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено менување на доставените податоци.
Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци со испраќање на барање на истите контакти кои се наведени во точката под бр.6, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ. По распределбата на социјалните станови, се изготвува прелиминарна ранг-листа која ги содржи имињата и презимињата на барателите кои добиле социјален стан за користење под закуп по кориснички категории, а по проверката согласно член 17, став 3, алинеја 1 и 2 од Одлуката наведена во точката бр. 1 од ова известување, се изготвува и конечна ранг-листа. Овие ранг листи се објавуваат на интернет-страницата на Министерството за транспорт, на огласната табла во Министерството за транспорт, како и на огласната табла на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Кочани, каде стојат објавени највеќе 15 денови.
Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката со испраќање на барање на контактите наведени во точка бр. 6, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 денови од денот на поднесување на барањето.
Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање на е-пошта до Info@mtc.gov.mk и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, доколку не добиете одговор или ако не сте задоволни од истиот е да контактирате со нашиот офицер за заштита на личните податоци Драган Симоновски на телефонските броеви: 02/3145-436, 071/289-499 или преку електронската пошта: dragan.simonovski@mtc.gov.mk
в) Можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Кога ќе започне обработката на моите лични податоци?
Обработката на личните податоци започнува во моментот на пристигнување кај Контролорот.
Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии, како и технички и организациски мерки со кои се заштитуваат вашите лични податоци, пред сé од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци во ограничен пристап и контролирана околина.
Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци онолку долго колку што трае целокупната постапка до конечна распределба на социјалните станови завршување на сите постапки околу истата.