Ги информираме сите превозници дека даночните обврзници кои се резиденти и кои
вршат повремен меѓународен патен превоз на патници на територија на Република
Хрватска имаат обврска за регистрирање за потребите на ДДВ во Република
Хрватска.
Посебни упатства за
обврзници без седиште во Република Хрватска можат да се најдат на сајтот на
Даночната управа на Република Хрватска и тоа на хрватски, англиски и германски
јазик http//www.porezna-uprava.hr.
Упатствата содржат
прецизни информацииоколу начинот за регистрација за потребите
на ДДВ и регулирање на своите права и обврски по тоа прашање во Република
Хрватска.