Зеколи Шаќири: Просторното и Урбанистичкото планирање е стратегија која е основ за економски развој на државата.
04.11.2024
Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири се обрати на Регионалната средба на архитекти и инженери во Струмица, организирана од страна на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија.
Заменик министерката Зеколи Шаќири истакна дека Министерството за транспорт како носител на политиките, во континуитет работи на унапредување на градежниот сектор и во таа насока се движи соработката со сите Комори и Асоцијации.
„Соработката со Комората на овластени архитекти и инженери е на високо ниво и тоа го покажува заедничката заложба што во сите овие години наназад се реализира меѓу овие две институции.
Тука сме да говориме за унапредување, за развој и за предизвиците на инженерската професија. И тоа е нашата мисија.
Просторното и Урбанистичкото планирање е стратегија која е основ за економски развој на државата.- истакна во своето обраќање Зеколи Шаќири.
Исто така таа додаде дека дигитализацијата во градежништвото како клучен сегмент за унапредување на продуктивноста и на ефикасноста на компаниите започнува да продира длабоко во дејноста, трансформирајќи одредени деловни процеси во овој сектор кој се разликува по својата специфика од останатите сектори.
Мораме да ги прифатиме современите текови и да ги применуваме и во домашната економија и секторот градежништво.
Тоа е начинот, вие, ние и целата градежна оператива и инжењерскиот кадар да биде конкурент на влијението што доаѓа од надвор. – изјави Заменик министерката Зеколи Шаќири.