Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски – Рустеми: Автопатската делница Подмоље = Охрид ќе биде пуштена за сообраќај до 10 јули
16.06.2023

Гледаме силна градежна офанзива овде пред Охрид. Очекуваме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел од Подмоље до Охрид и потоа да започнеме со последната фаза за поставување на еластични огради и одобрување на времениот режим. Денеска со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, сме присутни на терен за да извршиме дополнителен притисок за изградба на овој автопат, истакна министерот Бочварски при денешниот увид во изградба на автопатот Кичево – Охрид.

 

Реакциите во однос на времениот режим на оваа делница се неприфатливи во време кога привршуваат градежните работи, додаде министерот, притоа побара поддршка од општината и граѓанските здруженија да не ја кочат реализацијата на овој автопат.

 

„Денеска сме на увид на дел од трасата од Подмоље до Охрид се со цел да овој автопат час поскоро биде пуштен во функција. Тоа ќе значи зголемување на туризмот, подобрување на состојбите во Охрид, поврзувањето и сметам дека ова е правиот начин како треба да работиме со зголемена механизација, со решени проблеми, со решена експропријација, со решени проектантски прашања. Денеска сите овие состојби се решени и она што е важно е дека до 10-ти ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по овој дел од автопатската делница и сметам дека за главниот дел од туристичката сезона ќе биде приспособена оваа траса и убеден сум дека тоа е од значење за граѓаните, за градот, за туризмот и сите треба да дадеме поддршка за еден ваков прогрес и работа на терен.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Јавното претпријатие за државни патишта ги надмина сите проблеми на трасата, се репроектираа 72 нови проекти, нови клучки, нови пристапни патишта и завршени се преку 3.500 експропријации и сега Изведувачот има чист терен за работа, потенцираше директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

 

„Сега кога е отворена цела траса правиме сериозни напори за поголема динамика за работа, за поголеми активности на трасата и очекуваме до 10 јули да завршиме со изградба на делницата од Подмоље до Охрид и да ги пуштиме во употреба за сообраќај двете ленти. Сега сме во постапка за набавка и на заштитна ограда која ќе се монтира веднаш по завршување на асфалтерските работи.“ – изјави директорот Рустеми.

 

Автопатската делница Кичево – Охрид е дел од Коридорот 8 во должина од 57 километри и инвестиција од 598 милиони евра.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube