Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Даваме огромна финансиска поддршка на сите општини, до сега реконструиравме преку 180 локални улици и патишта
21.03.2024

Инвестираме преку 40 милиони денари во капитални проекти за граѓаните на Росоман и за локален економски развој на општината, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна посета на општина Росоман.

 

Тој заедно со градоначалникот Стојан Николов, извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат во општина Росоман, а се финансираат преку Министерството за транспорт и врски.

 

При посетата на локалната улица Стерјо Нестороски, министерот Бочварски потенцираше дека огромна е поддршката кон општините што ја овозможува Владата заради поголем развој и подобрување на условите за живеење на граѓаните.

 

„Драго ми е кога ги подобруваме условите за живот на граѓаните, тоа е наш приоритет и тоа е очигледно во сите општини низ државата. Еве конкретно во Росоман извршив увид на неколку капитални проекти со кои финансиски ја поддржуваме општината, како на пример реконструкцијата на улицата Стерјо Нестороски на која се наоѓаме денеска за која инвестираме над 9 милиони денари и истата очекуваме комплетно да биде завршена во наредните 2 месеци. Исто така, извршивме увид и во изградбата на новиот зелен пазар во Росоман, за кој Министерството за транспорт и врски одвои 10 милиони денари. Претходно ја посетивме и реконструираната улица Гоце Делчев, за која вложивме речиси 14 милиони денари. И сите овие проекти се за развој на општината. Дополнително големо економски развој ќе донесе и изградбата на експресниот пат од Градско кон Прилеп кој исто така очекуваме да го завршиме оваа година.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Градоначалникот Николов истакна дека инфраструктурните проекти се од огромно значење за развојот на општина Росоман, подобрување на локалната инфраструктура и урбанизација на просторот.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube