Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Постигнавме историски успех, го либерализиравме товарниот и патничкиот превоз со Република Србија
07.06.2023

Од 1-ви август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

 

Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки возила почнувајќи со стандард од ЕВРО 1, ЕВРО 2, ЕВРО 3, ЕВРО 4, ЕВРО 5 и ЕВРО 6.

 

Овој договор е постигнат во рамките на македонско-српската мешовита комисија за меѓународен патен транспорт на патници и стока која деновиве заседаваше во Република Северна Македонија.

 

Исто така постигнат е договор за либерализација и тоа од 15 јуни годинава за наизменичниот превоз на патници истиот да се врши исто така без дозволи кој се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво.

 

„Ова најпрво е огромен успех за транспортерите од двете земји, успех е за Република Северна Македонија и Република Србија. Постигнавме историски договор, целосно ги укинуваме дозволите во патниот и товарниот транспорт и сето ова го правиме за развојот на двете земји, за економски напредок во регионот и за подобра економска соработка меѓу Северна Македонија и Србија. Ова е нешто за што напорно работевме со мојот колега, министерот Весиќ со огромната подршка на владите на двете земји. Ова е вистинската политика за олеснување на работата на превозниците и ова треба да биде пример за цел регион." - истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

Одлуката за либерализација на транспортот е дел од иницијативата „Отворен Балкан" и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки и патници во Западен Балкан.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube