ИЗМЕНА НА ОГЛАС ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ ВО МЕЃУОПШТИНСКИОТ И МЕЃУНАРОДНИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ
01.10.2024
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ
ИЗМЕНА НА ОГЛАС
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ ВО МЕЃУОПШТИНСКИОТ И МЕЃУНАРОДНИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ
Во врска со објавениот оглас за одобрување на возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници, Ве известуваме дека поради пуштање во употреба на нов електронски систем за електронско аплицирање за одобрување на нови возни редови или промена на возни редови за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници извршена е измена на огласот објавен во дневен весник Слободен Печат на ден 30.05.2024 година (четврток).
Согласно горенаведеното, Ве известуваме дека измената се однесува на промена на датумот на аплицирање и промена на интернет страницата на која ќе се одвива аплицирањето за одобрување на нови возни редови или промена на возни редови за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.
Новиот период во кој сите заинтересирани превозници-правни лица кои имаат валидна лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници ќе аплицираат за нови возни редови или за промена на возни редови за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници ќе се одвива на 21.11.2024 година (четврток) во периодот од 09 часот заклучно до 14 часот.
Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт на следниот линк:
Со цел превозниците да имаат пристап во новиот електронски систем за евиденција на превозниците и возилата регистрирани за вршење на превоз на патници како и за електронско аплицирање за одобрување на нови возни редови или промена на возни редови за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници, потребно е да се регистрираат на Системот за единствена најава (СЕН), со внесување на ваше корисничко име (е-маил адреса) и лозинка, со што се формира вашиот профил на СЕН. Понатаму, во процесот на регистрација се вршат одредени проверки со цел поврзување на вашиот профил на СЕН со вашиот идентитет. По успешно завршените проверки, се креира вашиот eID.
Откако ќе се регистрирате на Системот за единствена најава (СЕН), Ве известуваме дека во Министерството за транспорт потребно е да ги доставите следните податоци:
Назив на правно лице
ЕМБС на правно лице
Име и презиме на корисникот со кој го имате креирано вашиот eID
ЕМБГ на корисникот со кој го имате креирано вашиот eID
Емаил со кој го имате креирано вашиот eID
Горенаведените податоци потребно е да ги доставите на следните меилови: