Врз основа на член 49 од Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/24) и членовите 7 и 9 од Уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 182/24), Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка за воведување на нова/нови дестинација/и од аеродромите во Република Северна Македонија
Предмет на овој јавен повик е доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за воведување на нови дестинации.
Давател на финансиската поддршка е Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт.
Периодот на доделување на финансиската поддршка е согласно Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија на домашни и странски превозници за периодот 2025-2027 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 182 /24) и тоа:
- 110.000.000,00 денари за 2025 година,
- 125.000.000,00 денари за 2026 година и
- 125.000,000,00 денари за 2027 година.
- да има важечко уверение за исполнување на безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз (AOC - Air Operator Certificate),
- да има превезено, односно опслужено најмалку пет милиони патници во 2023 година и
- да има остварено профит од најмалку 10.000.000,00 (десет милиони) евра во 2023 година.
- секоја нова дестинација воведена од/до „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, согласно доставеното барање, да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните, по однапред определен ред на летање од нејзиното воведување до завршување на периодот за кој се доделува финансиската поддршка, освен за неделата во која се паѓаат Нова година и верските празници католички и православен Божиќ,
- да изработи план за промоција и маркетинг кој може да биде предмет на промени по укажување на давателот на финансиската поддршка и
- на секои шест месеци да доставува Извештај за своето работење до Министерството за транспорт.
- период на оперирање на дестинацијата;
- број на неделни летови;
- атрактивност на аеродромот, односно аеродром со поголем број на опслужени патници во 2023 година, според јавно достапните податоци на аеродромите и
- број на седишта понудени на продажба.
По извршеното рангирање, Комисијата ќе изврши пресметка на потребните средства за секоја нова дестинација согласно планираните трошоци кои авиопревозникот задолжително ги внел во Оперативниот план доставен со Барањето за финансиска поддршка и ќе утврди заклучно со која дестинација од ранг листата ќе го затвори повикот.
- 9 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на изготвување на барањето за плаќање, за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ за новата дестинација и
- 12 евра по патник во доаѓање во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на изготвување на барањето за плаќање, за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид за новата дестинација.
Aдреса:
Министерство за транспорт,
ул. Плоштад Црвена Скопска Општина бр.4, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Tелефон: +389 2 3145 592
E-mail: mtcfinancial.support@mtc.gov.mk
Веб страна: www.mtc.gov.mk