Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19, 110/19, 154/19 и 121/2024), а во врска со член 8 став 5 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024) и член 33-a од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 283/23 и 169/2024), Министерот за транспорт донесе
Критериуми и процедури
за распределба на капитална дотација за инфраструктурни проекти во општините за 2024 година
Во Буџетот на Министерството за транспорт за 2024 година во Раздел 130.01 - Министерство за транспорт, Потпрограма АА - Инфраструктурни проекти на општините, ставка 488 - Капитални дотации до ЕЛС, дополнително со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 169/2024) се предвидени средства за оваа намена.
Министерството за транспорт ќе ја изврши распределбата на овие капитални дотации за инфраструктурни проекти во општините за 2024 година во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.
I.КРИТЕРИУМИ
Министерството за транспорт ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти во општините според следните критериуми:
- Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија.
- Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со реведирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.
II. ПРОЦЕДУРИ
Во согласност со член 8 став 1 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024), со дотации од Буџетот на Република Северна Македонија и од буџетите на фондовите се обезбедуваат дополнителни приходи во буџетот на општината за финансирање на нејзините надлежности определени со закон.
Во согласност со член 8 став 3 од овој Закон, видот, износот и распределбата на дотациите по општини се составен дел од Буџетот на Рeпублика Северна Македонија и на буџетите на фондовите.
Во согласност со член 8 став 5 од овој Закон, во случај на обезбедување на дополнителни средства со изменувањата и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија, надлежните министерства и фондовите во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на истите ги објавуваат утврдените критериуми, процедури и рокови за распределба на капиталните дотации.
Во согласност со член 11 став 6 од истиот Закон, капиталната дотација се користи врз основа на донесена Одлука од Владата на Република Северна Македонија.
Министерството за транспорт на својата веб-страница ќе ги објави критериумите и процедурите за распределба на капитални дотации за за инфраструктурни проекти во општините за 2024 година.
Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за локална самоуправа ќе формира меѓуресорско, Координативно тело за следење и координација на активностите за спроведување на Програма АА -Инфраструктурни проекти на општините. Министерството за локална самоуправа ќе објави повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти врз основа на критериумите објавени во оваа објава.
Владата на Република Северна Македонија, врз основа на член 11 став 6 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и согласно член 33-а од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, на предлог на Министерството за транспорт во соработка со Министерството за локална самоуправа ќе донесе Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година.
По донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за транспорт ќе додели договори со кои ќе бидат регулирани правата и обврските на Министерството за транспорт и на единицата на локалната самоуправа корисник на средствата за капитални дотации за инфраструктурни проекти за 2024 година.
Министерството за транспорт ќе го следи користењето на капиталната дотација, а согласно член 33-а од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, исплатата на средствата ќе се врши врз основа на изведени работи и комплетна исплатна документација.
При констатирање неправилности во користењето на дотацијата, Министерството за транспорт може да ја запре исплатата на средствата и за тоа ќе го извести Министерството за финансии.
III. НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА
Проверката на комплетност и валидност, селекција на проектите ќе ја изврши евалуационата комисија и ќе достави предлог за избор на проекти за финансирање до министерот за транспорт.
Министерството за транспорт ќе достави предлог Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година, до Владата на Република Северна Македонија.
Министерството за транспорт ќе ги додели договорите за капитални дотации за 2024 година веднаш по донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија.
линк до критериумите и процедурите: Критериуми и процедури 2024 год.docx