Николоски: Главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на попристапен авиопревоз, објавен јавниот повик за финансиска поддршка за нови дестинации
06.09.2024
Министерството за транспорт го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
“ Во рамки на тригодишната програма за оваа намена се обезбедени средства во износ од 360 милиони денари.
Еден од главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на подобар и попристапен авиопревоз.
Со цел подобро поврзување на земјата и обезбедување подобри услови за патување на граѓаните, Министерството за транспорт денеска објави ЈАВЕН ПОВИК за поднесување барања за финансиска поддршка за пуштање нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид.
За дополнителни информации, заинтересираните компании можат да се обратат до Министерството за транспорт преку е-пошта: mtcfinancial.support@mtc.gov.mk објави Николоски на својот фејсбук профил.