Николоски од Штип: Во Штип се гради како никогаш до сега, преку 12, 5 милиони евра инвестираме оваа година во инфраструктурата
08.11.2024
Преку 12, 5 милион евра инвестираме само оваа година во Штип и овој обем на инвестиции во инфраструктурата во градот никогаш претходно не се случил, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на општина Штип.
Министерот Николоски и градоначалникот Јорданов денеска извршија увид во реконструкција на локалните улици Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината.
Министерот истакна дека во Штип се гради како никогаш досега, инфраструктурно се развива забрзано, а за следната година најави дополнителени проекти за сите општини.
“Драго ми е што на денот на ослободувањето на Штип сум во градот, духот на Народноослободителната борба веќе 80 години се чуствува и сега продолжуваме во тој дух да ја развиваме и градиме Македонија. Нема ништо подобро од тоа да инвестираме во инфараструктурата. Штип го има еден од најдобрите градоначалници во Македонија бидејќи ваков обем на активности ретко можете да видите во другите општини и тоа е за поздравување. Во таа насока, во тек е реконструкција на улиците Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ каде се наоѓаме, а претходно ја завршивме улицата Широк Дол. Со средства од буџетот, Штип доби околу 2 милиони евра за развој на еден голем проект а тоа е градска магистрала од населба Железничка до м.в. Рибник за што веќе потпишавме и договор со општината.
На последната седница на Влада одобривме дополнително 1, 5 милиони евра за изградба и реконструкција на водовод и канализации на улиците Асном, .”Боро Милевски”,”Рудо”, ”Христијан Тодоровски Карпош” за Ромската населба “Света Недела како и Три Чешми и следната недела тендерот ќе биде распишан. Исто така вчера објавивме и теднер за доизградба на браната Отиње” - изјави министерот Николоски.
Градоналаникот Иван Јорданов исткна дека подршката од Владата е огромна за Штип.
“Продолжувме и во следниот период со силни инвестиции во Штип. Штип наликува на огромно градилиште не само на постоечката инфраструктура, туку создаваме и нова. Во оваа населба Леваци, прв пат после неколку децении откако е изгрaдена се прави реконструкција и тоа само дава додадена вредност за целиот град”, истакна Иван Јорданов градоначалник на Штип.