Барање за добивање на социјален стан за користење под закуп може да поднесе лице:
Корисници на социјални станови може да бидат следните категории на граѓани кои се станбено необезбедени:
Социјалните станови ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп составен дел на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22).
- Максималниот број на бодови што може да го добијат лицата во категориите кориснички групи од точка 1, 2, 4 ,5 и 6 на оваа одлука е 100 бода.
- На лицата од точка 1 и 3 им се распределува социјален стан под закуп ако ги исполнуваат условите и ја имаат доставено потребната документација согласно објавениот оглас, а останатите нераспределени станови од објавениот оглас ќе се распределуваат на останатите категории кориснички групи од точка 2, 4 и 6 (со исклучок на категоријата на баратели од точка 5 за која е утврден процент на станови до 10% од останатиот број на нераспределени станови) врз основа на следната формула:
Вкупен број на останати Вкупен број на обрасци за апликативни Број на станови наменети нераспределени станови Х листи од посебна корисничка група________ = за посебна корисничка 100 Вкупен број на обрасци за апликатвни листи група пријавени на оглас______________________ 100 |
- При распределбата на социјалните станови освен за корисниците на социјални станови од точка 1 и 3 ќе се земе во предвид:
- бројот на членови во заедничкото домаќинство;
- вкупниот месечен расположлив прилив на средства по член на заедничкото домаќинство да не изнесува повеќе од 70 евра во
денарска противвредност пресметан по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија објавен на денот на
објавувањето на огласот во дневните јавни гласила;
- старосната структура за заедничкото домаќинство;
- попреченоста согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата и
- активното учество во програмите за вработување или вработеност.
- Бодирање на корисниците на станови од категоријата oд точка 1 - Деца без родители или родителска грижа - лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, кое ќе се применува доколку на објавен оглас вкупниот број на обрасци за апликативни листи од оваа корисничка група е поголем од вкупниот број на социјални станови наменети за распределба.
Услови и потребна документација
за лицата корисници на социјални станови по категории кориснички групи
1.Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители
- Лицата треба да се евидентирани од страна на општинската комисија за елементарни - природни непогоди во општината и општините на Градот Скопје каде е изграден социјалниот стан;
Подносителот на барањето за добивање на социјален стан под закуп може да поднесе документација и да аплицира само за една од шестте категории корисници на социјални станови. Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство поднесе повеќе од еден образец за апликативна листа односно аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци за апликативни листи ќе бидат отфрлени.
Потребната документација лицата ја поднесуваат до:
Документацијата треба да биде во оригинал или препис заверен на нотар и истата не може да биде постара од 6 (шест) месеци, освен документите кои се обележени од надлежен орган како трајни.
За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кочани ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.
Потребната документација која лицата ја поднесуваат до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кочани треба да биде доставена заклучно со 28.10.2024 година.
Заинтересираните граѓани за податални информации може да ги контактираат следните лица:
Со овој оглас се распределуваат вкупно 35 социјални станови во општина Кочани.
Целиот оглас можете да го погледнете на следниот линк: