Ве известуваме дека Mинистерството за транспорт изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за кои превозниците на ден 21.11.2024 година аплицираа на огласот за одобрување на возни редови за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.
Вкупно 163 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 59 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници и 104 апликации за меѓународен линиски превоз на патници.
Врз основа на прелиминарната распределба:
- За меѓуопштински линиски превоз на патници одобрени се 23 апликации, 1 апликација е делумно одобрена и 35 се одбиени.
- За меѓународен линиски превоз на патници одобрени се 66 апликации, 5 апликации се делумно одобрени и 33 се одбиени.
Ве информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.
Во прилог се финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.