Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај и Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за електронско полагање на:
Испитoт за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај кој ќе се одржи на:
08.04.2024 година од од 08:30 часот до 20:00 часот
Испитoт за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот ќе се одржи на:
09.04.2024 година од од 12:00 часот до 20:00 часот
Испитoт за добивање сертификат за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај ќе се одржи на:
09.04.2024 година од од 08:30 часот до 20:00 часот
Испитот за добивање сертификат за советник за безбедност при превоз на опасни материи ќе се одржи на:
09.04.2024 година од од 08:30 часот до 11:30 часот
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава на кандидатот до архивата на Mинистерството за транспорт и врски, и тоа за првите два испита најдоцна пет дена, а за испитот за возачи и советници за превоз на опасни материи најдоцна три работни дена пред датумот на кој е закажан испитот, а потоа Mинистерството за транспорт и врски електронски го пријавува кандидатот во електронскиот систем за полагање.
Испитите ќе се одржат во простории кои се наоѓаат во Академија за судии и јавни обвинители - Скопје.