Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани. Оваа делница е во должина од 13,75 км и согласно динамиката на работа истата треба да биде наскоро готова и ставена во функција.
Премиерот Ковачевски истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација.
„Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години. И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско - енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Темпото и динамиката продолжуваат и понатаму. Во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион. Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за новите инвеститори. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, квалитетните патишта се еден од предусловите. Затоа и изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски.
Министерот Бочварски рече дека со изградбата на експресниот пат до Кочани го подигнуваме животниот стандард на преку 170 илјади жители од Источниот регион, создаваме поволни услови за развој и регионално поврзување.
„Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради забрзан економски развој на целата држава, во услови кога светот е во огромна економска криза. Но и во такви услови успеавме силно да ги движиме капиталните проекти и да обезбедиме континуитет", рече Бочварски.
Директорот на ЈПДП, Рустеми рече дека експресниот пат е со висок квалитет на градба.
„Ширина на патот е 11,4 метри, ќе има четири ленти, и тоа по две коловозни од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Максималната брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час. Изведувач на градежните работи е „Синохидро“ од Република Кина, а надзор е „Патинвест инженеринг“ АД Софија Република Бугарија. Во моментот се поставува сигнализација, осветлување на клучките, еластична одбојна ограда и се асфалтираат последните 700 метри“, рече Рустеми.
Извор Влада на РСМ
Во продолжение интегралниот говор на министерот Бочварски:
Мојата порака денеска до сите граѓани од Штип, од Пробиштип, од Кочани, од
Чешиново- Облешево, од Виница и другите населени места е дека оваа Влада води грижа
за своите граѓани.
Од регион кој претходно беше заборавен, денеска од Истокот создадовме регион на
просперитет, регион на нови инвестиции, на нови работни места, подобро, модерно и
безбедно место за живеење.
И овој експресен пат од Крупиште до Кочани е само еден доказ за тоа.
- Доказ е изградениот автопат од Скопје до Штип,
- Доказ е изградената модерна делница од експресниот пат од Штип до Крупиште,
- рехабилитираниот пат од Крупиште до Пробиштип
- експресниот пат од Штип до Радовиш,
- реконструираната обиколница на Кочани
- рехабилитираните патишта низ Делчево, низ Берово и низ целиот регион
И речиси и да нема патен правец во Истокот кој не сме го рехабилитирале.
Сите овие инвестиции покажуваат дека во нашата програма за регионален развој посебно
значење му дадовме на Истокот.
Со премиерот Ковачевски и директорот Рустеми пред извесен период бевме на овој пат
кога дадовме ветувања дека граѓаните ќе добијат нова и пред се безбедна патна врска.
Деновиве се асфалтираат последните 700 – ни метри и можеме да најавиме дека веќе
следниот месец граѓаните ќе можат да возат по сосема нов, безбеден и модерен пат.
Предизвиците беа сериозни, но еве и овој капитален проекти успеавме да го донесеме до
крај. Со тоа ја заокружуваме инвестицијата во вкупна вредност од 43 милиони евра и
завршување на целата патна врска од Три чешми до Кочани.
Изградбата на овој експресен пат е сериозен инпут за влез на многу нови инвеститори, за
зголемување на работните места но и подобра комуникација меѓу граѓаните.
Со изградбата на овој експресен пат до Кочани го подигнуваме животниот стандард на
преку 170 илјади жители од Источниот регион, создаваме поволни услови за развој и
регионално поврзување.
Како Влада силен фокус дадовме на зголемување на безбедноста. Токму со овој пат
посебено значење му даваме на регионот со подигнување на безбедноста во сообраќајот.
Во овој момент имаме регионален пат што е доста искористен, од патнички и товорни
возила како и од земјоделска механизација. Изградбата на експресниот пат од Штип до
Кочани нуди модерно патно решение кое уверуваме ќе придонесе за зголемување на
безбедноста во сообраќајот.
Премиерот веќе спомна дека со овој експресен пат се скратува времето за патување кон
Скопје како и кон централниот дел од државата. И тоа најдобро го знаат граѓаните кој
редовно го користат овој пат и веќе ги чуствуваат придобивките. .
Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени
заради забрзан економски развој на целата држава, во услови кога светот е во огромна
економска криза. Но и во такви услови успеваме силно да ги движиме капиталните
проекти и обезбедуваме континуитет.
Морам тука да спомнам само еден факт, а тоа е изградбата на експресниот пат Штип
Радовиш кој го завршивме пред рокот и тоа е пример како оваа Влада работи.
Веќе покажавме на терен дека сме силно фокусирани на модернизација на патиштата, на
изградба на железнцата, на Европските коридори, на економскиот развој на нашата земја и
создавање на подобро услови за нашите граѓани.