Нови 80 илјади барања за легализација во продолжениот рок
30.03.2016
Околу 80 илјади нови барања за легализација на
дивоградби се доставени во пролонгираниот рок, информира министерот за транспорт
и врски Владо Мисајловски, кој присуствуваше на доделување на решенија за
легализација во општина Ѓорче Петров.
Процесот
на легализација на бесправно изградени објекти почна во 2011 година, кога беа
доставени над 360.000 барања. Со последните измени на Законот за третман на
бесправно изградени објекти, се овозможи дополнителен рок за поднесување
барања. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно
со 3 март 2011 година. Со законските измени се утврди рок за доставување
геодетски елаборати до крајот на следната година, а за претходно поднесените
барање рокот беше пролонгиран до крајот на годинава. Се уште трае и можноста за
изработка на бесплатни елаборати за социјално ранливите категории. Досега по
тој основ се изработени 5.300 елаборати.
Во
Општина Ѓорче Петров, според министерот, процесот на легализација се одвива
одлично. – Над 80 проценти од комплетната документација веќе е решена, што
значи дека во Општина Ѓорче Петров навистина се работи на ова прашање, рече
Мисајловски.
Од
почетокот на процесот на легализација правен статус добија над 147.000
нелегално изградени објекти.