Реализација
на инфраструктурни проекти, како и индивидуални барања за подобрување на
условите за живот и за економски развој беа тема на средбата на делегацијата од Владата и повеќе
институции придружувани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со
жителите на Кичево и кичевските
села Вранештица, Другово.
Министерот
за транспорт и врски Владо Мисајловски, Груевски и претставници на локалното
водостопанско претпријатие најавија дека ќе се направат напори за надминување
на проблемот што преку лето го имаат жителите со водоводната мрежа во
Другово. Министерството
за транспорт и врски, како што најави Мисајловски, ќе помогне во изработка на
проектот. На располагање се 740 илјади евра за Другово и потребно е само да се
аплицира. Ќе се разгледа и можноста за реконструкција на спортската сала во
Основното училиште во Другово.