Увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Делчево – Голак
07.03.2016
Министерот за транспорт и врски
Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО-ДМПНЕ, Никола Груевски извршија увид
во градежните работи на регионалниот пат, Делчево-Голак.
Рехабилитацијата
на регионалниот пат Делчево – Голак во должина од 10,5 километри и ширoчина од
4,5 метри, во вредност од околу 1,3
милион евра, ќе биде завршена најдоцна за 12 месеци, најави министерот за транспорт
и врски Владо Мисјаловски.
–
Кога ќе се направи патот, ќе има интерес и за скијачкиот центар. На МЕПСО веќе
им се дадени инструкции од Владата да направат проект, но прво ќе инвестираат
околу 3 милиони евра во Берово, а потоа околу 3 до 3,5 милиони евра во
скијачкиот центар Голак, изјави Груевски, додавајќи оти овој пат ќе има и
туристичко значење.
Паралелно
ќе се работи и на регионалниот пат
Кочани – Делчево во должина од 30 километри. Договорот е веќе потпишан со
домашна компанија. Работите треба да почнат за кратко време и да траат 24 месеци, информира Мисајловски.