Започна асфалтирањето на регионалниот пат Нов Дојран - Николиќ
20.04.2016
Министерот
за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП за државни патишта
Александар Стојанов извршија увид
во градежните активности за реконструкција на регионалниот пат Дојран-Николиќ.
-Заедно
со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта сме во посета на
општина Дојран каде извршивме увид на реконструкција на регионалниот пат Дојран
– Николиќ. Патот е со должина од 5.5 километри и претставува значајна врска меѓу
двете населени места.Овој пат пат беше едно од ветувањата пред граѓаните на
општина Дојран. Според динамиката на работа, задоволен сум како се одвива
реконструкцијата и очекувам дека
градежните работи ќе завршат и пред предвидениот рок, некаде во месец јуни,
рече Мисајловски.
Оваа
година, како што соопшти директорот ЈПДП Александар Стојанов, ќе се изврши
осветлување на целиот пат од Стар Дојран до границата со Грција, инвестиција од 100 илјади евра.
Градоначалникот
на општина Дојран Борче Стамов изјави дека овој регионален патен правец е многу
значаен за општина Дојран бидејќи со него ќе се подобри комуникацијата меѓу
Дојран и Николиќ. Тој очекува дека со реконструкцијата на патот ќе се подобри и
туризмот во овој дел на Дојран.