Министерството за
транспорт и врски изработи предлог Национална транспортна стратегија за
периодот 2018-2030 година.
Главните цели на Национална
транспортна стратегија за периодот 2018-2030се:
- да се осигура економска одржливост во развојот, управувањето
и одржувањето на транспортните системи,
- да се подобри безбедноста во
сообраќајот
- да се развие мулитмодалниот
транспорт
- да се подобри одржливоста на
животната средина
- изградба
на инфраструктура согласно европските стандарди како дел од единствениот
транспортен систем во регионот.
Овие општи цели се
преточени во поеднични цели за секој вид
на транспорт и понатаму се разработени во конкретни 132 активности што се
планирани за реализација до 2030 година.
Во рамките на проектот за
подготовка на предлог Стратегијата, а следејќи ги одредбите од Законот за
животна средина се спроведе постапка и се изработи предлог Извештај за
стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната
Транспортна Стратегија.
Во согласност со законските
барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на
јавноста во процесот на донесување на одлуки во однос на Националната
транспортна стратегија 2018 – 2030 , овие два документи се достапни на интернет
страницата на Министерството за транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/predlog-nacionalna-transportna-strategija-2018-2030
Исто така ќе се одржи и јавна
расправа по Предлог стратегијата и Предлог извештајот за Стратегиска оцена на
животната средина, за што дополнително ќе информираме за времето и местото на
одржување.
Сите забелешки во врска со предлог Националната Транспортна Стратегија
може да се испратат до Министерството за транспорт и врски или на електронската
адреса на Министерството:info@mtc.gov.mk.