Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири оствари средба со извршната секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), Татиана Молчеан

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири оствари средба со извршната секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), Татиана Молчеан

Во рамките на Енергетскиот форум „MEF“, што се одржа во Скопје, заменик-министерката за транспорт,  Калтрина Зеколи Шаќири, оствари средба со извршната секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE),Татиана Молчеан.

На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу Македонија и UNECE во насока на дигитализација на транспортот, унапредување на прекуграничната логистика и развој на одржлива инфраструктура – области со клучно значење за модернизација и зголемување на ефикасноста на транспортниот сектор во земјата.

Заменик-министерката Зеколи Шаќири го истакна посветеноста на Министерството за транспорт за зајакнување на соработката со меѓународните организации и имплементација на европски стандарди кои поттикнуваат зелена мобилност, безбедност во сообраќајот и регионална поврзаност.

Таа ја оцени ангажираноста на UNECE за поддршка на земјите од регионот во унапредување на институционалните капацитети и развој на поврзан, безбеден и одржлив транспортен систем, нагласувајќи ја важноста на континуираната соработка со оваа престижна меѓународна организација.

Министерството за транспорт останува посветено на унапредување на меѓународните партнерства кои придонесуваат за одржлив развој и модернизација на транспортната инфраструктура во Македонија.

Мени за пристапност