Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери-КОАИ Ве известува дека во сабота на ден 13.06.2026 година, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - Јунска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците Февруари, Јуни и Октомври.
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање во електорнска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: ispiturbanizam@komoraoai.mk согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ бр.219/22 и 194/24) и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање бр.01-799/3 од 23.05.2023 година.
Барањето за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање се доставува најкасно до Вторник 26.05.2026 година.
Повеќе детали за аплицирањето и условите на следниот линк од Соопштението на КОАИ:
https://www.komoraoai.mk/struchni-ispiti/objavi-ispiturnaizam/886-ispit-up-jun-2026.html