Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СООПШТЕНИЕ за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во Февруарска испитна сесија

Министерство за транспорт Министерство за транспорт

СООПШТЕНИЕ за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во Февруарска испитна сесија

Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери-КОАИ Ве известува дека во сабота на ден 28.02.2026 година, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - Февруарска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.

Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците Февруари, Јуни и Октомври.

Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање во електорнска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса:  ispiturbanizam@komoraoai.mk согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ бр.219/22 и 194/24) и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.

Барањето за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање се доставува најкасно до Среда 12.02.2026 година.

Повеќе детали за аплицирањето и условите на следниот линк од Соопштението на КОАИ:

https://komoraoai.mk/struchni-ispiti/objavi-ispiturnaizam/857-ispit-up-12.html

Мени за пристапност